Sunday, May 17, 2015

Делфин


   Делфинот е морски цицач. Тој е близок сродник на китот. Постојат речиси 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот живее во море или океан.

   По повеќедецениски истражувања на делфините, научниците се убедени дека делумно успеале да го дешифрираат нивниот „говор“.Тие се убедени дека ова е голем чекор ова е голем чекор кон целосно дешифрирање на говорот на делфините и дека еден ден токму ова откритие ќе придонесе за целосно разбирање на комуникацијата, не само меѓу делфините, туку и меѓу разните животински видови.

   Истражувањата се вршени врз делфини што се држат во резервати, но и врз оние кои живеат на слобода. Врз база на тие истражувања, истражувачите тврдат дека кога делфините ќе се сретнат со непознати, тие љубезно се претставуваат, а потоа пријателски ги повикуваат на игра и дружење. Винсент Јаник, еден од истражувачите од Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Шкотска, експерт за животинска комуникација, изјавил дека звукот што го произведуваат делфините содржи и интересни комуникациски информации, како на пример: Јас сум тој итој и сакам да бидеме пријатели, немам лоши намери и не напаѓам.



   При истражувањата тој и неговите колеги користеле специјални микрофони за да ја следат комуникацијата меѓу овие видови животни кои што престојуваат во заливот Сент Ендрјус. Исто така, тие откриле и дека групите делфини меѓусебно се поздравуваат при разминување, како и дека тие имаат одлична меморија, но и способност да учат нови звуци, односно „зборови“.

   Данските научници пак, сметаат дека меѓусебната комуникација на делфините е многу слична на разговорите меѓу луѓето. Тие успеале да утврдат дека при разговорот делфините, не испуштаат само свирежи на одредена фрекфенција, како што досега се мислеше, туку нивните гласови се збир на вибрации слични на оние што ги произведуваат гласните жици кај човекот при изговарање на одредени букви. Што се однесува до свиркањето, научниците докажале дека делфините, слично како и кај луѓето, можат да научат да свиркаат, но тоа не е зборување, туку го прават за забава.


   Делфините можат да се обучат да создаваат уметност со помош на четкичка вградена во пловка која можат безбедно да ја држат во устата. Но, по нивната обука се случило нешто интересно. Ерин Вајс, кога ги тренирала делфините, забележала дека секој од петте делфини сликари кои биле обучени си имале свој метод на обележување, што посочува кон определена форма на естетски суд. Но, бојата во случајов нема никакво значение, бидејќи делфините имаат монохроматски вид и гледаат само зелено. Со оглед на тоа дека делфините сликаат само за забава на луѓето, ова поттикнува извесни дебати во врска со етичката оправданост на овие дејства.



Кит

   Китот е голем цицач кој целиот свој живот го поминува во вода. Китовите имаат рибовидно тело; но нивните опашни перки се хоризонтални наместо вертикални како кај рибите. Тие имаат весловидни предни екстремитети. Нивната кожа е мазна и сјајна и, во зависност од видот, може да е црна, бела или да е со различни бои и шари. Под кожата се наоѓа тенок слој на масно ткиво, наречено китово масло, кое дава изолација и служи како извор на складирана енергија.
орка кит убиец



   Китовите не се риби. Рибите се ладнокрвни и дишат под водата користејќи жабри. Од друга страна, китовите одржуваат топла и константна телесна температура од околу 37 C и дишат воздух со помош на бели дробови. За разлика од рибите, кои ги движат своите вертикални опашни перки од една страна на друга додека пливаат, китовите ги движат нивните хоризонтални опашни перки горе-долу за да се пропелираат себеси низ водата.
плав кит


   Китовите припаѓаат на мамалискиот ред Cetacea. Научниците ги класифицираат китовите во две групи. Една група, позната како вилични китови (Odontoceti), имаат вилици со остри заби кои ги користат при ловењето на риби, лигњи и друг плен. Во вилични китови се вбројуваат делфините и порпоизите. Другата група на китови е безвилични китови (Mysticeti) кои немаат заби. Овие китови користат гигантски и флексибилни чешловидни структури за филтрирање на мали риби и ситни ракови од водата.
сив кит
   Китовите можат да се најдат во сите светски океани, па дури и во неколку реки. Еден вид на делфин, виолетов речен делфин, живее само во реката Амазон и нејзините поголеми притоки. Некои китови, вклучувајќи ги синиот, грбестиот и сивиот, мигирираат на огромни растојанија, патувајќи меѓу тропските региони во зима и субполарните води во лето. Другите китови не мигрираат на долги растојанија или, како на пример китот-убиец, талкаат без специфични мигрирачки патишта.
црн кит